Српски студенти во блокада в среда тргнуваат со велосипеди до Стразбур да се обратат во европски институции
Студенти од Универзитетот во Нови Сад в среда најавија дека тргнуваат на велосипедско патување до Стразбур, со цел да го свртат вниманието поради недоволната реакција од надлежните институции во Србија, кои, според студентите, се обврзани да дејствуваат по сите немили настани што се случиле во државата од 1 ноември,лани, јави дописникот на МИА од Белград.
Нивното патување за кое објавија рута, се очекува да трае 12 дена. Напоменаат дека планот на турата секојдневно подлежи на промени, но дека градовите низ кои минува турата се дефинитивни.
„Ние сме во постојан контакт со колегите од сите универзитетски градови низ кои поминуваме, за да ја обезбедиме потребната логистичка и морална поддршка. Исто така, сакаме да ги споделиме информациите дека членови на Европскиот парламент ни се обратија, изразувајќи ја својата подготвеност да им посакаат добредојде на студентите“, изјавија тие.
Како што наведоа, целта им е да ги информираат странските институции кои имаат можност да дејствуваат по институциите во Србија, за да се направи притисок врз властите. Друга цел би била да се привлече медиумско внимание што треба да резултира со создавање притисок.
„Оваа акција произлезе од огорченоста предизвикана од кршењето на голем број човекови права како и правата загарантирани со Уставот на Република Србија без реакција од надлежните институции. Со оглед на недостатокот на реакција, решивме да се обратиме до странски/светски институции кои имаат способност да реагираат и имаат одредено влијание на територијата на Република Србија“, велат студентите.
Студентите треба да се обратат во ПССЕ - Парламентарното собрание на Советот на Европа, Комесарот за човекови права, Директоратот за демократија и човеково достоинство и Комитетот на министри.
Што се однесува до Европската Унија, студентите ќе се обратат пред Европскиот парламент, Европската комисија и Агенцијата за фундаментални права на ЕУ.
Бројот на учесници ќе биде меѓу 50- и 80 студенти.
Ново на Сител
-
МВР со апел да не се наседнува на измами со лажни сообраќајки, да се пријават во полиција
-
Претреси во струмичко, пронајдена дрога | ФОТО
-
Познати сите екипи кои се пласираа во следната рунда од Евролигата
-
Милер го напушта Баерн по 25 години минати во клубот
-
Мицкоски на ПС НАТО: Да се размисли за механизми со што нема да се дозволи билатералните спорови да бидат пречка во остварувањето на колективната цел
-
Четири лица тешко повредени откако возило се преврте во Волково
-
Бројот на загинати во Мјанмар достигна 3.354, САД ја зголемува помошта на девет милиони долари
-
Околу 500 илјади кокошки уништени поради птичји грип во Албанија