САД посредуваат во разговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот
Посредници од САД денеска ќе одржат одделни разговори со руски и украински тимови во Саудиска Арабија, додека Вашингтон се обидува да посредува за ограничен прекин на огнот по повеќе од три години војна.
Како што пренесе ДПА, американскиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог, ги опиша индиректните разговори како „шатл дипломатија“, при што американската делегација се движи меѓу двете страни додека се состануваат во „одвоени простории“.
– Вие во основа велите, „Во ред. Кои се вашите услови? И одите до другата страна, „Кои се вашите услови?‘“, му рече Келог на конзервативниот коментатор Глен Бек во интервју изминатиот викенд.
Пред тринасочниот состанок, украинските претставници вчера се состанаа со американската делегација на прелиминарна рунда разговори во саудискиот главен град Ријад.
Клучен фокус на преговорите е да се обезбеди прекин на нападите врз енергетските капацитети. И Русија и Украина начелно се согласија на ова делумно примирје, но тоа допрва треба да се спроведе.
САД, исто така, вршат притисок за продолжување на прекинот на огнот на бродските рути во Црното Море.
– Мислам дека в понеделник ќе видите вистински напредок во Саудиска Арабија, особено бидејќи тоа влијае на прекинот на огнот во Црното Море … од тоа, природно ќе гравитирате кон целосен прекин на огнот, изјави вчера за Фокс њуз Стив Виткоф, друг специјален претставник на САД.
Американскиот претседател Доналд Трамп, кој неодамна разговараше и со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со рускиот претседател Владимир Путин, продолжува да изразува оптимизам за брз крај на војната.
Зеленски го одобри планот на Трамп за сеопфатен 30-дневен прекин на огнот. Сепак, Путин постави неколку предуслови, вклучително и барање Западот да ја прекине сета воена помош за Киев.
Делегацијата на САД во Саудиска Арабија ќе вклучува повеќе тимови, со Келог и американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц.
Во Саудиска Арабија патува и главниот украински преговарач, Андриј Јермак, додека Русија ќе ја претставуваат дипломатот од кариера Григориј Карасин и Сергеј Беседа, висок разузнавач и близок човек од доверба на Путин.
Ново на Сител
-
2.508 сообраќајни прекршоци во текот на продолжениот викенд
-
Фон дер Лајен: Ииаме се што ни е треба за да ги заштитиме нашите луѓе и просперитет
-
Москва: Не веруваме дека САД ќе го напуштат НАТО
-
Над 340.000 пензионери од денеска ќе добиваат повисоки пензии за 2500 денари
-
За седум дена санкционирани 116 непрописно паркирани виозила на територија на општина Центар
-
Шекеринска - Соренсен: Континуираната соработка меѓу НАТО и ЕУ е клучна за стабилноста на Западен Балкан
-
Објавен Конкурсот за упис во средните училишта за учебната 2025/2026 година
-
Трамп ја спореди пресудата на Ле Пен со своите судски процеси