Македонија
21. March 2025 - 13:08

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Со тешка телесна повреда рано изутринава се здобил 33-годишниот М.К. од Велес, додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци.

- Од Општа болница - Кавадарци рано изутрина во 2:30 часот било пријавено дека кај нив со тешка телесна повреда бил донесен М.К., на возраст од 33 години, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес.

Според пријавеното, М.К. од Велес се здобил со повредата при извршување на работни задачи во фабрика во Кавадарци.

Како што додаваат од СВР - Велес, за настанот биле известени јавен обвинител и трудова инспекција. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР - Кавадарци.