Приведени тројца дилери

СВР Струмица-ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднел кривична пријава против П.П.Г.(30) од село Стојаково, општина Богданци, П.Р.(39) од Валандово и В.Ќ.(31) од село Стојаково поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Од МВР денеска соопштија дека на 18.03.2025 околу 18.00 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Гевгелија во близина на пријавените П.П.Г. и П.Р. пронашле торба во која имало две ќеси со марихуана со вкупна тежина од 2 килограми и 876 грама, како и пакување со бела грутчеста материја.
- Подоцна, по преземени мерки, во атар на Богданци била пронајдена и марихуана со маса од 478 грама, која, исто така, П.П.Г. ја подготвил за продажба. На 19.03.2025 во 03.30 часот од слобода бил лишен и пријавениот В.Ќ., кој посредувал при продажба и транспорт на дрогата, а било пронајдено и возилото со кое се превезувале лицата и во кое била транспортирана марихуаната, се посочува во соопштението.
Врз основа на судски наредби биле извршени претреси во домови и други простории кои ги користат пријавените, од кои три во село Стојаково, два во Гевгелија и еден во Валандово. При претресите биле пронајдени и пакување со грутчеста материја, предмети со остатоци од бела прашкаста материја, дробилка, пиротехнички средства и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело.
Лицата биле изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој им определил мерка притвор во траење од по 30 дена.
Ново на Сител
-

Кавадарчанец со 2,97 промили алкохол во крвта бил агресивен кон сопругата и малолетната ќерка
-

Артан Груби не се чувствува виновен за случајот со „Државна лотарија“
-

19-годишна девојка загина кај Свети Николе откако со возилото излета од патот
-

Дизелот повторно над 100 денари од полноќ, поскапуваат и бензините
-

Македонскиот фолклор триумфираше во Бразил: „Студио Фолклор“ прво кај публиката, трето кај жирито
-

Уапсена жена од Скопје, предизвикала пожар во Центар
-

Николоски: Градежништвото ја движи економијата
-

Трамп за денеска планира телефонски разговор со Путин, а потоа и со Зеленски
