Финансиска полиција активно е вклучена во големата акција за проверка на работата на објектите
Управата за финансиска полиција активно е вклучена во големата акција за проверка на работата на објектите кои функционираат како кабареа, дискотеки и ноќни клубови низ земјава и постапува согласно со своите законски надлежности. На располагање се ставени сите капацитети на Управата за финансиска полиција за потребите на оваа акција, која има за цел да открие евентуални неправилности и нелегални активности во работењето на овие објекти.
Акцијата се фокусира на утврдување на финансиски проневери, избегнување на даночни обврски, нелегално работење и други неправилности во финансиското работење на угостителите. Паралелно со ова, истражните органи се насочени кон откривање на сите аспекти кои би можеле да доведат до санкционирање на оние кои не ги почитуваат законите и регулативите.
Во тесна координација сме со сите институции и работиме посветено на целосно отстранување на сите неправилности во насока на обезбедување на почитување на законите и регулативите. Се преземаат сите потребни мерки и активности за санкционирање на секој вид на неправилности кои ќе бидат утврдени во текот на акцијата.
Ново на Сител
-
Научници од Источна Азија ги усовршуваат киборг-лебарките
-
„Борд панда“: Дубаи е најдосадниот град
-
Совети за правилно чистење на бебешките очи
-
Приведени три лица за кражба во неготинска фирма, меѓу нив малолетник
-
Искушенија околу слабеењето и како да се избегнат?
-
До недела променливо облачно со повремен дожд
-
1603 сообраќајни прекршоци изминатиот викенд
-
МОН: Безбедносните стандарди во училиштата да бидат во фокусот на општините