-->
-->
Протест и контрапротест на оризопроизводителите од Кочанско
-->

Поголема група оризопроизводители од Кочанско денеска точно во 12 часот блокираа една лента од магистралниот пат Кочани-Штип кај Облешево во траење од еден час.
Тие упатија барање до ресорното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство да ги реши проблемите со откупот на арпата и белиот ориз од минатогодишната реколта, бидејќи како што беше истакнато, за 10 до 15 дена започнуваат подготовките за претстојната сеидба на оризовата култура.
- До ресорното министерство имаме три барања и тоа како што ни беше ветено откупот на арпата да изнесува 25 денари за килограм, додека откупот на белиот ориз да не е помал од 50 денари за килограм. Покрај ова бараме од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да ги реши и останатите проблеми на оризопроизводителите пред стартот на пролетната сеидба на оризот, истакна Јордан Манасиев, претстедател на Здружението „Бело зрно“ од Кочани.
Тој истакна дека доколку нивните барања не бидат решени во рок од три дена ќе превземат и други радикални мерки. Дотогаш протестот ќе трае по еден час и ќе биде блокирана една коловозна лента од магистралниот пат Штип - Кочани кај Облешево.
Група земјоделци од Облешевско - Чешиновскиот крај во исто време организираа контрапротест на кој го истакнаа своето незадоволство од реакцијата на Здружението „Бело зрно“.
- Реагираме на начинот на кој Здружението „Бело зрно“ сака да ги решава проблемите во оризопроизводството. Откуп на арпата и бел ориз во нашиот регион има, но цената на белиот ориз е намалена. Тој во моментот се откупува по цена од 35 односно 38 денари за килограм, истакна Бранко Стојков земјоделец од село Горни Подлог.
За Здравко Арсов, земјоделец од село Облешево има откуп на арпата и белиот ориз.
- Од моите 3 ха под ориз, досега ми се откупени 50 проценти од производството.Тоа што цената е ниска и јас не сум задоволен, но сепак во однос на оризопроизводството некои работи се менуваат од страна на државата, вели Арсов.
По еден час протест земјоделеците го напуштија магистралниот пат Кочани-Штип кај Облешево,при што сообраќајот се одвива во двете насоки без застој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Високо образование на мајчин јазик е неспорно, македонскиот е официјален јазик во правосудниот систем
-

Роналдо доби казна од 255 евра - пари кои тој ги заработува за само 39 секунди
-

Трамп: Ѝ дадовме многу на Украина, тие нам ништо не ни дадоа
-

Рама најавува нови мерки: Пониска возраст за кривична одговорност и забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години
-

Apple чекал 15 години за првиот преклопен iPhone: „Не сакавме да направиме евтин и неквалитетен телефон“
-

Македонскиот крем – де ла крем со предновогодишен концертен спектакл: Сузана, Наум, Миле и Баже со нивните гости во кафеанска ноќ за паметење!
-

Приведена жена од ресенско, управувала возило со брзина од 142км/ч на место каде дозволената брзина е 50км/ч
-

Обвинителите бараат Уставниот суд итно да го разгледа намалувањето на коефициентите за пресметка на платите во ЈО
