Кремљ: САД и дадоа на Русија конкретни информации за нивниот предлог за прекин на огнот со Украина

Соединетите Држави и дадоа на Русија конкретни информации за нивниот предлог за прекин на огнот со Украина и ќе продолжат со разговорите лице в лице во наредните денови, соопшти Кремљ.
-Преговарачи од САД патуваат за Русија, додаде портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, без да даде дополнителни детали.
Авионот што го користеше специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, рано утринава влезе во рускиот воздушен простор, јавија руските медиуми, повикувајќи се на апликацијата за следење летови „Flightradar“.
Песков изјави и дека вчера телефонски разговор имале советникот за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков и советникот за национална безбедност на САД, Мајк Волц.
Кремљ, сепак, одби да коментира дали Русија му доставила на Вашингтон список со барања за прекин на војната во Украина и обновување на билатералните односи со САД.
Два извори запознаени со разговорите изјавија дека руските и американските официјални лица разговарале за условите на Москва во лични и виртуелни разговори во текот на изминатите три недели.
-Не можам ниту да потврдам, ниту да коментирам за ова, рече Песков. „Можам само уште еднаш да повторам дека има огромна количина на информации кои не се вистинити или многу малку од нив се вистинити“, додаде тој.
Ново на Сител
-

Стабилно и потопло време до петок, за викенд дожд и снег на планините
-

Повеќе пари за новороденчињата во Гази Баба: Поддршката се зголемува на 8.000 денари
-

СПМ ја поддржува иницијативата за укинување на "техничката влада"
-

СЗО предупредува: Алкохолот во Европа е премногу евтин и достапен
-

Лажни реклами за онлајн казина кружат на социјалните мрежи, алармира АПИС
-

Истражување: Повеќе од 388 милиони христијани доживеале прогон поради својата вера во 2025 година
-

Франција ќе отвори конзулат на Гренланд
-

Битолчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и направил сообраќајка
