Успешна кикбокс завршница на ВАКО светскиот кикбокс куп “Италија 2025”
Македонските кикбоксери се враќаат со 3 медали од ВАКО светскиот кикбокс куп “Италија 2025” кој се одржа од 03-09.03.2025 година во Лидо Дијесоло, Италија.
Марија Димовска LK OJ F - 60kg - златен медал
Данило Методиевски LK OJ M- 71 - сребрен медал
Андреа Ѓеорѓиевска - LK OJ F - 60kg - бронзен медал
Давид Атанасовски - KL OC M - 57kg - 5то место
Максим Митровски -LK S M - 75kg - 9то место
,,Сите 5 натпреварувачи покажаа извонредни борби, но сепак на вакви огромни спортски купови понекогаш е важна среќата, но некогаш одлучувачка е и судиската одлука која неретко е погрешна и пристрасна. Сепак, ова е огромно спортско искуство за нашите натпреварувачи и во нашата меморија овој куп ќе го паметиме како позитивно и успешно искуство. Немаме повреди, имаме медали, а тренерите Атанасовски, Димовски и Крстевски заедно со мене сме поискусни за уште еден светски куп со преку 2500 натпреварувачи од целиот свет. Годинава имаме уште многу купови и првенства за докажување и берба на медали, па затоа продолжувуме и понатаму со силни тренинзи” - изјави Дејан Митровски - Урко, претседател на КМФМ.
Ново на Сител
-
Несреќа со воздушни балони во Турција: Еден загинат, 19 повредени
-
Смртниот биланс од иранските напади врз Израел се искачи на 10 лица
-
На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од државава
-
Ирански ракетни напади врз Израел: Осум загинати, над 100 повредени
-
Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка
-
Сончево и топло со слаб до умерен северен ветер
-
Македонските одбојкари поразени од Грција
-
Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина