Хамилтон: Завршивме голема работа за време на тестирањето

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, зборуваше за неговото расположение воочи неговото прво Гран При со тимот. Трката во Австралија ќе се вози од 14 до 16 март.
- Завршивме голема работа за време на тестирањето минатата недела. Не ми се верува дека веќе се радуваме на првото Гран При во Австралија. И како што се приближува почетокот на викендот, сите емоции и мисли ќе почнат да ми се таложат во главата. Сега за мене започнува нешто сосема ново - нешто што никогаш не мислев дека може да ми се случи на 40 години. Тоа е едноставно неверојатно. Всушност ми е тешко дури и да кажам колку сум возбуден, но мора да се обидеме да останеме смирени, изјави Хамилтон, цитиран од „краш.нет“.
Британскиот тркач додаде дека Ферари добро се подготвил за почетокот на сезоната.
Во февруари 2024 година, беше објавено дека Хамилтон ќе се трка за Ферари од сезоната 2025 година. Од 2013 година го претставуваше тимот на Мерцедес.
Ново на Сител
-

Неготинец си го натепал малолетниот син со метален предмет
-

Отстрането државно знаме во Гостивар, полицијата истражува
-

Приведени лица за повеќе случаи на семејно насилство, закани и злоупотреба во семејството
-

Јаневска: Не гледам причина за протест ако на студентите им се нуди повеќе
-

Два авиона на „Американ ерлајнс“ се судрија пред полетување во Вашингтон, нема повредени
-

Приведен насилникот кој ја претепал сопругата во Гостиварско
-

Облачно со повремени врнежи од дожд, кон крајот на денот со снег, следната недела со теператури до - 18 степени
-

Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и блиската околина
