-->
-->
Средношколците во Србија утре повикуваат на генерален штрајк поради цените, но и поради состојбата во државата
-->
Средношколците во Белград повикаа утре да се одржи генерален штрајк кој според нив, би бил поради не само поради вртоглавото покачување на цените во Србија, туку и поради состојбата во земјата и неодговорноста на сите надлежни институции кон нивните барања.
Средношколците веќе еднаш повикаа на генерален штрајк, кога се одржа таканаречениот „Час на природата“ тогаш им се придружија голем број граѓани и училишта.
Со протестот ќе се испрати порака дека учениците „нема да престанат“ додека не се исполнат нивните барања, јавија белградските медиуми.
-->
-->
-->