Стуб: Финска ќе учествува во изготвувањето на мировниот план за Украина

Финскиот претседател Александар Стуб оцени дека на состанокот на европските лидери за Украина во неделата во Лондон се преземени чекори во вистинска насока.
Како што наведе, учесниците се согласиле за три точки – завршување на војната, продолжување на воената, политичката и економската поддршка за Украина и потреба од мировен план.
„Во оваа фаза Украина, Велика Британија и Франција развиваат мировен план.
Финска, заедно со Норвешка, ќе им пружи поддршка на овие земји“, рече Стуб, додавајќи дека на оваа тема ќе се разговара со претставниците на Украина во наредните денови.
„Велика Британија и Франција се обврзаа на некаков вид присуство на војници во Украина.
Но, земјите кои делат граница со Русија и се одговорни за заштита на НАТО на таа граница се свесни дека нивниот придонес ќе биде различен“, рече финскиот претседател.
Стуб, исто така, рече дека учесниците на состанокот се договориле за прашањето за користење на замрзнатите средства на Русија.
Како што напомена, на сите учесници на состанокот во Лондон им е јасно дека на Европа и се потребни САД и нивните безбедносни гаранции.
Претседателот на Финска истакна дека во преговорите и подготовката на мировниот план треба да учествуваат и земји кои не се членки на ЕУ, вклучувајќи ги Велика Британија, Норвешка и Турција.
Ново на Сител
-

Вкупно 473 наши државјани досега ги контактирале ДКП-ата во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

ОЈО: Мајката и детето биле заклучени сами во станот, едно лице e задржано во полициска станицa
-

Патниот правец Ќафасан - Елбасан денеска повторно отворен за сообраќај за сите видови возила
-

Кина повика на зачувување на безбедноста во Ормускиот теснец
-

Денеска средба Трамп-Мерц во Вашингтон
-

Почуствуван земјотрес во Тетово
-

Сончево и свежо утро, максимална температура до 20 степени
-

Рубио: Нападите на Вашингтон врз Иран се проактивна мерка за заштита на САД
