Притвор за две лица, нападнале полициски началник во дискотека во Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против две лица за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Двајцата соизвршители осомничени за ова кривично дело, на 15 февруари во раните утрински часови, во дискотека во Кавадарци нападнале службено лице – полициски началник кој во моментот бил на должност и постапувал за откривање на сторители на недозволена трговија со дрога.
Кога во дискотеката го забележале началникот на кого и претходно му упатувале заканувачки пораки преку други лица, осомничените на возраст од 31 и 33 години започнале да го туркаат и да го удираат со боксови по главата и телото, при што му ја скинале облеката и му нанеле повеќе повреди – набиеници и расекотини.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор за осомничените. Предлогот е прифатен и судот им определи притвор во траење од осум дена.
Ново на Сител
-

Камерите со вештачка интелигенција во Атина започнаа да регистрираат и да испраќаат казни за сообраќајни прекршоци
-

Инфантино: ФИФА ќе обезбеди најдобри можни услови за Иран на СП
-

Македонските фудбалери гостуваат во Ирска
-

Иранскиот комитет го одобри нацрт-законот за воведување патарини во Ормуската Теснина
-

Црногорскиот претседател Милатовиќ во официјална посета на земјата
-

Иран продолжува со ракетните напади врз земјите од Персискиот Залив
-

Оклахома го победи Детроит по продолжение, Гилџус-Александар постигна 47 поени
-

Зеленски: Постигнати историски договори со земјите од Заливот
