00:00           
00:00
 
00:00
         
        
 
Свет
14. February 2025 - 19:51

Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре

Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре. Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс на Минхенската безбедносна конференција ја повика Европа конечно да застане на страната на слободата. Ги критикуваше лидерите на континентот дека се повлекуваат од некои од најфундаменталните европски вредности, првенствено замолчувајќи ги поинаквите мислења и модерирајќи ги содржините, главно на интернет.

- Шокиран бев што поранешен Европски комесар излезе на телевизија неодмна и беше воодушевен што ромаската влада ги поништи (претседателските) избори....

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, пак, рече дека Европа се реформира од пандемијата наваму. Најави и зголемување на трошењата за одбраната за земјите-членки на Унијата, за кои рече дека се драстично зголемени од почетокот на војната во Украина. Потребен е конечен мир во Украина, но преку сила, бидејќи Украина им треба и на Европа и на САД.

На минхенската конференција се очекува Џеј Ди Венс да се сретне со украинскиот претседател Зеленски. . Тој пак утрово од Минхен порача дека досегашните разговори кои ги предводи Трамп, не се доволни за да се оформи мировно решение.

Не знам, не гледам дека САД имаат подготвен план. Мислам дека е многу важно. Му пренесов на претседателот Трамп дека сум подготвен (да разговарам) во секој момент. Не ми треба ништо посебно за ова - ги знам сите бројки.

Подготвени сме да разговараме во секој момент – ја разбираме географијата на нашата земја, ги гледаме најголемите ризици. Подготвени сме да зборуваме за сè: од (странски) контингент до безбедносни гаранции, за НАТО – ние да сме во НАТО или НАТО да биде тука. Подготвени сме на секаков вид рамка за да го запреме Путин“. “, рече Зеленски на прес конференција

Главната програма на конференцијата почнува утре, во следните два дена предвидени се над 350 сесии на различни безбедносни теми. За безбедноста на светските лидери пак околу главниот град на Баварија распоредени се над 5000 полицајци.