АНБ: Почнува примената на полиграфско тестирање, полиграфот и полиграфското тестирање во служба на интегритетот

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) денеска соопшти дека почнува со примена на полиграфско тестирање.
Полиграфското тестирање ќе се применува како задолжителен чекор во процесот на селектирање лица за вработување, во постапките за проверка на професионалниот интегритет на вработените, при вршење на безбедносни проверки за кои е надлежна Агенцијата, како и во сите други случаи во согласност со Законот за Агенција за национална безбедност.
Во соопштението се посочува дека законската обврска за примена на полиграфско тестирање е предвидена со основањето на Агенцијата во 2019 година, но поради неспроведување на истата во претходните пет години, негативните реакции и критиките од страна на стручната јавност не изостануваа.
- Директорот на Агенцијата за национална безбедност во јавните излагања даде ветување дека со сигурност настапува период на исполнување на неспроведената законска обврска, со цел постигнување највисоки стандарди на интегритет, доверба и професионалност во работењето. Со воведување на полиграфско тестирање во Агенцијата истовремено се остварува даденото ветување и целосно се исполнува предвидената законска обврска, соопштија од АНБ.
Се додава дека Агенцијата за национална безбедност ракува со информации од највисоко ниво на доверливост.
- Примената на полиграфот претставува метод за проценка што ќе овозможи селекција на кадар кој ги исполнува највисоките етички и професионални критериуми за работа, проверување на безбедносната подобност на вработените и минимизирање на ризиците од евентуални компромитирачки активности што би ги загрозиле безбедносните интереси, појаснуваат од АНБ.
Со примената на полиграфското тестирање, велат од АНБ, правиме значителен чекор кон градење доверба, унапредување на безбедносните практики и стандарди и создавање средина во која интегритетот и професионалноста ќе бидат основни принципи на работењето на Агенцијата за национална безбедност.
Ново на Сител
-

Министрите за енергија на Г7 отворени за ослободување на резервите на нафта
-

Вешто лице сведочеше за неправилности во препишувањето терапија во случајот Онкологија
-

Пасош за успех: Како Flex Group ги слави своите хероини
-

Трет брод нападнат во Ормуски Теснец
-

Ѓорѓиевски: Скопје памети - 83 години од црниот 11 март
-

Илјадници писатели објавија „празна“ книга во знак на протест против вештачката интелигенција
-

При пожар во куќа пронајдено починато лице
-

Уапсен турски државјанин, пронајдени мигранти во возилото кое го управувал
