Трамп телефонски разговарал со Путин
– Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за „Њујорк пост“ изјави дека телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната во Украина, објави „Њујорк пост“.
Трамп запрашан колку пати разговарал со Путин, истакна дека е „подобро да не кажува“. – Тој (Путин) сака да види дека луѓето ќе престанат да умираат, посочи Трамп.
Трамп за „Њујорк пост“ истакна дека „отсекогаш имал добри односи со Путин“ и дека има конкретен план за ставање крај на војната, но, не откри повеќе детали. – Се надевам дека ќе биде брзо.
Луѓето умираат секој ден. Оваа војна е толку лоша за Украина. Сакам да заврши оваа проклета работа, истакна Трамп.
Минатиот месец портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Путин е подготвен телефонски да разговара со претседателот на САД. Трамп најави и средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој се осврна и на Иран, истакнувајќи оти преферира да склучи договор за иранската нуклеарна програма- Би сакал договор пред да ги бомбардирам … Тие не сакаат да умрат.
Никој не сака да умре … Ако склучиме договор, Израел нема да ги бомбардира, наведе американскиот претседател.
Но, тој не откри детали за можните преговори со Иран и одби да каже што ќе му понуди на Техеран за возврат. – Не можам да го кажам тоа бидејќи е премногу непријатно.
Нема да ги бомбардирам, истакна Трамп.
Ново на Сител
-
Нетанјаху: Нападот врз Иран беше „многу успешен“, операцијата ќе трае со денови
-
Иран тврди дека подготвува остар одговор на израелските напади
-
Израелските авиони сè уште напаѓаат нуклеарни постројки низ Иран, соопшти армијата
-
Коцевски и обвинителскиот тим ќе информираат за досегашната постапка и донесената одлука за пожарот во „Пулс"
-
Во израелските напади е убиен шефот на Иранската револуционерна гарда
-
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во работна посета на земјава
-
Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструиран патен правец Охрид (Коњско) – Св. Наум