Над четири килограми дрога лани запленила полицијата на подрачјето на СВР Охрид

Над четири килограми марихуана и 153 грама опојна дрога кокаин се запленети во текот на минатата година на подрачјето на СВР Охрид во 126 акциски контроли на полицијата. Тоа, според, податоците на СВР Охрид е речиси двојно марихуана од претходната, 2023 година, кога во 111 акциски контроли пронајдени и одземени се 2.353 грама и речиси исто кокаин, односно 137 грама.
- Во текот на 2024 година, при извршени 126 акциски контроли, од кои 33 во Охрид, 45 во Струга, 42 во Кичево и шест во Дебар, пронајдени и одземени се 4.192, 78 грама опојна дрога марихуана (Охрид-329,80, Струга-188,18, Кичево-220,47, Дебар-3.454,33). Во истиот период, пронајдени и одземени се 153,85 грама опојна дрога кокаин: во Охрид-91,82, Струга-7,81 и Кичево -54,22. Претходината година пак, во 111 акциски контроли, во Охрид – 24, Струга – 35, Кичево – 49 и Дебар – три, пронајдени и одземени се 2.353,48 грама опојна дрога марихуана (Охрид-554, Струга-1.256,08, Кичево-535,09, Дебар-8,11). Во тој период пронајдени и одземени се 137,34 грама кокаин (Охрид-96,33,, Струга-5,21, Кичево- 35,74, Дебар-0,06), појасни портпаролот Стефан Димоски.
Недозволена сусптанца лани била пронајдена кај двајца малолентици, а толку малолетници биле регистрирани и во 2023 година.
Минатата година пак, на територијата на ОВР Струга не се регистирирани малолетни сторители на кривични дела, а годината претходно имало тројца сторители на кривични дела, од кои еден за „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“, и двајца за „тешка кражба“.
Намалување има и во нарушувањњето на јавниот ред и мир од страна на малолетници во двете последователни години, односно во 2023 регистрирани се 42, а лани 34 сторители.
Ново на Сител
-

Во ГОБ „8-ми Септември“ повторно работи неврохируршката служба, оперирани двајца пациенти
-

Алиу на онлајн-состанок со странски експерти за кардиохируршки интервенции - процесот го водиме за независен стручен увид на состојбата
-

Словенечки вештак сведочи за несоодветни терапии во случајот „Онкологија“, судењето продолжува утре
-

Обезбедување украло бакарни кабли вредни 200.000 евра од градилиште во Центар
-

Андоновски: Се заокружува проектот за Центар за побезбеден интернет во Македонија
-

Средба Ѓорѓиевски - Канел: Нов импулс за соработка во образованието, културата и локалниот економски развој
-

Албанскиот премиер Рама реагираше по протестот и насилствата на опозиција, во кој се повредени 19 полицајци, а приведено е 21 лице
-

Со „рено“ удрил во 69-годишна жена па избегал
