Нојер ќе брани за Баерн до 2026-та
Голманот на Баерн, Мануел Нојер следниот месец ќе наполни 39 години, но нема намера да се пензионира.
Славниот германски голман потпиша нов едногодишен договор со баварскиот гигант, што значи дека ќе има 40 години кога ќе истече на 30 јуни 2026 година.
Неговиот стар договор истече во јуни и на почетокот на годината најави продолжување на соработката, која беше официјализирана во понеделникот.
„Мануел Нојер го продолжи договорот со клубот до 2026 година“, објави Баерн на социјалните мрежи и на клупскиот портал.
По тој повод се огласи и спортскиот директор на Баерн, Макс Еберле.
- Мануел Нојер е најдобриот голман во својата генерација и икона на Баерн. Кога зборувате за голман во наше време, зборувате за Мануел Нојер, и тоа ширум целиот свет, рече Еберле.
Нојер во славниот клуб од Минхен пристигна во 2011 година од Шалке. Со Баварците 11 пати беше германски шампион (11 последователни сезони од 2013 до 2023 година), пет пати го освои Купот на ДФБ и двапати Лигата на шампионите.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Во НАТО имаме нов контекст насочен кон преговори за мир во Украина
-
Андоновска: Има висок интензитет на вирусот на грип во овој период, најмногу заболени во Скопје и Струмица
-
Кипарската Влада одобри жените доброволно да служат војска
-
Избран нов претседател на Партија на Власите од Македонија
-
Тензично во албанскиот Парламент, седницата прекината
-
Вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град по барање на ОЈО
-
Филипче: Најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб
-
Песков: Путин и Трамп се согласуваат дека е можно мирно решение за Украина