-->
-->
Уапсен 45-годишен Швеѓанец кој со автомобил се обидел да ја пробие оградата на руската Амбасада во Стокхолм
-->

– Шведската полиција утринава уапсила 45-годишен маж пред руската Амбасада во Стокхолм, откако со автомобилот удрил во ограда во обид да влезе во забранетата област, јавува шведскиот Афтонбладет.
-Еден човек удрил со својот автомобил во оградата на амбасадата. Тој сè уште беше на местото на настанот кога стигнавме, изјави Даниел Викдал, портпарол на регионалната полиција во Стокхолм.
Мажот сега е осомничен за обид за тешко неовластено влегување. -Се сомневаме дека се обидел да влезе во областа со пробивање на оградата со својот автомобил, но не успеал во намерата, рече Викдал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најмногу се јадело леб и компир, а се пиеле повеќе сокови отколку вино и кафе
-

Израел го забрани работењето на 37 меѓународни невладини организации во Газа и Западниот Брег
-

Светот ја испраќа старата година, новата 2026 први ќе ја пречекаат Кирибати, а последни Американска Самоа, Бејкер и Хауленд
-

Лука и Хана најпопуларни имиња за новороденчињата во 2024
-

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот кон ГП Ќафасан во двата правца
-

Учениците од денеска на зимски распуст
-

Повредени две лица во сообраќајка на патот Кочани –Штип
-

Русија вели дека Украина вчера ја нападнала Москва со дронови
