Македонија
15. January 2025 - 12:19

СДСМ: Кошничките на Мицкоски – целосно промашување

Политиките на власта на Мицкоски и ДПМНЕ со така наречени кошнички се покажаа како целосно промашување. Цените не се намалија, туку за одредени производи и се зголемија, велат од СДСМ во соопштение утрово.

„Кошничките“ донесоа поголема скапотија за граѓаните. Зејтинот, јајцата, шекерот, млечните производи, грашакот, гравот, леќата, сѐ е поскапено. Оваа сурова реалност која граѓаните ја гледат во маркетите и продавниците секој ден е најголем показател за фарсата којашто ја приреди власта. Од „кошничките“ се збогатија големите трговци, дестина милиони евра се извлечени од џебовите на граѓаните со амин на Мицкоски и ДПМНЕ. Последните податоци од Државниот завод за статистика уште еднаш го потврдуваат тоа – цените растат, граѓаните имаат се поголеми трошоци за живот а се помалку пари во цебовите.“ – се вели во соопштението на СДСМ.