ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои ризик од раст на активноста на вирусот

Шест нови позитивни случаи на Ковид-19 се евидентирани од 6 до 12 јануари. По два случаја се регистрирани во Куманово и во Струмица, по еден во Скопје и во Кичево, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавени денеска.
Пет лица од новите случаи биле на возраст над 60 години. Еден случај бил регистриран од возрасната група од 40 до 49 години.
Во текот на 2025 година, а заклучно со 12 јануари, регистрирани биле вкупно 11 заболени лица.
Од ИЈЗ наведуваат дека ниската стапка на трансмисија на Сарс-ков-2, намаленото известување и малиот број на примероци за тестирање преку сентинел системите, имаат влијание врз способноста за прецизно да се процени епидемиолошката ситуација.
- Популацијата на ЕУ/ЕЕА севкупно има значително ниво на хибриден имунитет - претходна инфекција плус вакцинација - бустер дози, што дава заштита од тешка болест. Лицата на возраст од 60 години се со најголем ризик од тешка болест. Хоспитализациите на лица со потврден Ковид-19, приемите во интензивна нега и смртните случаи остануваат на ниско ниво во земјите на ЕУ/ЕЕА. Овие податоци во Република Северна Македонија не се достапни, истакнуваат од ИЈЗ.
Иако бројот на заболени од Ковид-19 на неделно ниво е мал, како што се додава, со оглед на тоа дека во тек е периодот на зголемена циркулација на респираторни вируси во северната хемисфера, постои ризик активноста на Сарс-ков-2 да се зголемува, „што ја нагласува континуираната потреба од надзор - епидемиолошки и вирусолошки, на национално и регионално ниво“.
- Се препорачува следење на основните мерки за превенција на Ковид-19 и останати респираторни заразни заболувања. Вакцинацијата останува специфична превентивна мерка, обезбедувајќи заштита од тешки форми на болест, иако овој заштитен ефект со тек на време се намалува. Продолжува препораката за вакцинацијата на лицата со висок ризик од тешки форми на болест и лош исход - како што се повозрасните лица, нагласуваат од Институтот.
Ново на Сител
-

Германец со дрон снимал караула на АРСМ во Радожда
-

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот
-

Санација на детските игралишта и урбаната опрема низ Кисела Вода
-

11-годишно дете од Долнени пријавено за иcчезнато
-

Јаневска: За трите закони за високо образование не треба бадентер, се надевам на брзо усвојување зашто губат младите
-

Регистрирани осум пожари на отворено - пет се изгаснати, два се активни, а еден е под контрола
-

Следната учебна година ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку
-

Вработен во кафуле со остар предмет повредил тетовчанец
