Напредок во преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас и ослободување на заложниците

Американските и арапските посредници постигнаа значителен напредок во посредувањето за прекин на огнот во војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас и ослободувањето на десетици заложници кои сè уште се држат во Појасот Газа, но допрва треба да се постигне конечен договор, изјавија денеска официјални лица.
Тројцата официјални лица, кои сакаа да останат анонимни, рекоа дека наредните денови ќе бидат клучни за ставање крај на повеќе од 15-месечните борби што го дестабилизираа целиот Блиски Исток.
Лице запознаено со разговорите рече дека има напредок во преговорите во текот на ноќта и дека е подготвен нацрт-договор. Преговарачите на Израел и Хамас сега ќе им го вратат на нивните лидери за конечно одобрување, рече лицето.
Таа рече дека посредниците од Катар извршиле нов притисок врз Хамас да го прифати договорот, додека пратеникот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, вршел притисок врз Израелците.
Виткоф неодамна се вклучи во преговорите и престојува во регионот неколку дена.
Посредниците во преговорите на секоја страна го предадоа нацрт-договорот, а се наведува и дека клучни ќе бидат следните 24 часа.
Сега се разговара за фазен прекин на огнот. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху постојано сигнализираше дека е посветен само на првата фаза, делумно ослободување на заложниците во замена за еднонеделен прекин на огнот. По почетокот на првата фаза би се преговарало за можноста за траен прекин на огнот и други прашања. Хамас побара целосно повлекување и целосен прекин на војната.
Ново на Сител
-

Вардар предложи јужната трибина да го добие името Васил Рингов
-

Реакција на ЗНАМ
-

Трамп изјави дека имал „многу продуктивен“ телефонски разговор со Путин пред средбата со Зеленски
-

Граничниот премин Евзони од пладне затворен за сообраќај
-

Трамп и Зеленски по средбата ќе имаат телефонски разговор со европските лидери, соопшти портпаролот на украинскиот претседател
-

Прегазен 31-годишен пешак во Скопје
-

Косовски државјанин се судрил со контејнери, семафор и повеќе автомобили, па продолжил да вози
-

Три возила се судриле на патот Охрид-Кичево, еден од возачите приведен
