Снежен бран во Грција – затворени училишта во северниот дел на земјата
Основните и средните училишта во повеќе општини во северниот дел на Грција денеска ќе бидат затворени поради снежната бура што од вчера ја зафати земјата, а на одредени патни правци постои забрана за сообраќај на тешки возила, јави дописничката на МИА од Атина.
Научната Комисија за проценка на опасности од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита вчера одржала вонреден состанок и, според грчките медиуми, издадена е препорака за забрана за сообраќај на тешки возила до денеска во 14 часот на одредени патни правци во северна Грција, а ланци за автомобилите се задолжителни низ мрежата на регионите Епир, северна Грција, Тракија и западниот дел на областа Тесалија.
И додека на северот има врнежи од снег со температура меѓу минус четири и три степени, во јужниот дел од континентална Грција е интензивен дождот, додека на островот Крит, температурата е меѓу 18 и 19 степени Целзиусови.
Ново на Сител
-
Родителите на четворица британски тинејџери го тужат ТикТок поради смртта на нивните деца
-
За поубав сон: Скандинавски начин на спиење
-
Урсула фон дер Лајен и Туск: Шверцерите, Лукашенко и Путин нема да одлучуваат кој ќе влезе во Европа
-
Единаесет килограми опиум пронајдени во Велес, истрага за недозволена трговија со дрога
-
Утре студено со утринска магла по котлините
-
Татко пријавил дека малолетници ја допирале неговата ќерка во автобус на ЈСП, еден од нив и се соблекол пред неа
-
80-годишна жена од Скопје измамена за сума од 615.000 денари, и кажале дека нејзината ќерка прегазила дете
-
Стабилно и суво време за викендот, снег се очекува наредната седмица