Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија

Инпекциските служби на Град Скопје денеска на терен откриле дека градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш создал нова дива депонија, поради што најавуваат кривична пријава.
- Денеска на терен инспекторите на градот Скопје со асистенција на интервентна полиција, констатираа нови кривични дела на Курто Дудуш, при креирањето нова дива депонија за што е поднесена нова кривична пријава, со која дополнително се бара одговорност за загадувањето со канцерогени материи, со што Дудуш директно го загрозува здравјето на граѓаните на градот Скопје, се вели во денешното соопштение од Градот Скопје.
На овие кривични пријави, појаснуваат оттаму, им претходи кривична пријава за дива депонија што Курто Дудуш ја правил на свое приватно земјиште за што во име на Општината сам со себе си склучил договор, а за што е фатен и за истото е изречена глоба и покрената пријава за соодветна одговорност.
- Јавноста треба да знае дека Комунална Хигиена Скопје редовно ги завршува своите активности во општина Шуто Оризари, а за она што е надлежност на градоначалникот Курто Дудуш и контејнерите кои сам ги поставува на територијата на општината, друг не може да биде одговорен, велат од Град Скопје.
Оттаму додаваат дека до овој момент против градоначалникот на Шуто Оризари поднесени се повеќе од 40 кривични пријави од кои најголем дел се однесуваат на сериозна злоупотреба на буџетски средства, исплати на пари без соодветни постапки и распишан тендер, креирање на диви депонии, загрозување на животната средина и здравјето на граѓаните.
Ново на Сител
-

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
