Нема откуп на годишната реколта на ориз, министерот смирува, ќе се откупува за стокови резерви
Оризот од годинашната реколта остана во амбарите. Оризопроизводителите велат дека откупувачите не се заинтересирани за откуп на оризоват арпа, ниту за белиот ориз. Незадоволни се што не се почитува договорот постигнат лани во ноември.
- Нема откупено 1 килограм ориз, што значи дека манипулираат сите со нас, изјави Здравко Арсов, оризопроизводител
Од друга страна, моменталната откупна цена на оризовата арпа е 28 денари за килограм.
- Проблемот е што граѓаните не јадат евтин ориз. На пазарот се продава по 120 денари. Граѓаните мислат дека оризот има цена, но нема за нас, има за нив (откупувачите) и трговците, изјави Коце Ангелов, оризопроизводител
Ниската откупна цена според оризарите се должи и на увезениот поевтин ориз од земјите на далечниот Исток.
- Од тие причини настана овој проблем есента, да имаме огромна количина на ориз и секогаш кога се судрат реколтите од претходната и годинашната доаѓа до криза на пазарот, односно, паѓа ценат, изјави Стојче Ташков, оризопроизводител
Ресорниот министер изјави дека состојбата будно се следи и ќе интервенираат во регулирање на состојбата на пазарот.
- Министерството, односно, Владата ќе набави за потребите на стокови резерви оризова арпа. Ова се прави за прв пат и ќе значи помагање во целата ситуација и регулација во делот на пласманот на оризовата арпа, изјави Цветан Трипуновски, министер за земјоделие
Според проценките на оризарите во амбарите им стојат околу 29 000 тони оризова арпа.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар