Македонија
8. January 2025 - 16:37

Интерпелациите во петок на седница, Мицкоски вели нема да успеат

Неосновани критики и неуспешно гласање. Ова е исходот што го предвидува премиерот Мицкоски за интерпелациите за 4ца негови министри, а кои на собраниска седница се во петок. Се работи за интерепелации поднесени од опозициската коалиција на ДУИ за вицепремиерот Меџити, министерот за односи меѓу заедниците Стоилковиќ и министерот за внатрешни работиТошковски и неговиот заменик Исени.

- Овој обид ќе заврши како неуспешен. Очекувам критики кои се неосновани и критики кои немаат никаква врска со реалноста. Но, таква ни е опозицијата во овој момент. Се надевам дека ќе извлече поука, многу скоро програмски ќе се реструктурираат, но и кадровски ќе се освежат, бидејќи таму гледаме некредибилни луѓе. Имаме ние институционална меморија и знаеме што сѐ правеа во минатото.

За овие интерпелации нема да гласа дури ни опозициската СДСМ.

Неофицијално, собраниски извори од власта велат дека сите интрепелации ќе завршат во еден ден бидејќи нема расположение за голема дебата. Без говори веројато ќе бидат и пратениците на СДСМ. Но, покрај министерските интерепелации, во петок на седница ќе биде и интерпелацијата што ја поднесе Левица за Илире Даути од Алијансата на Села што како претседателка на Комисијата за социјална политика го блокираше законот за бранителите на СДСМ.

Засега неизвесно е како владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе се постави за ова интрепелација имајќи пред вид дека и тие имаа забелешки на работата на Даути. Мали шанси да добие подршка има и од СДСМ иако е нивен законот кој таа го блокираше.