Македонија
7. January 2025 - 8:45

Земјотрес од три степени почувствуван вчера во Скопје

Земјотрес вчера бе ше почувствуван во Скопје и северозападните делови од државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. 

Земјотресот е регистриран во 18:44 часот со Рихтерова магнитуда од 2,5 степени и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. 

Епицентарот на земјотресот е на 25 километри северозападно од Скопје.