Жестоко ќе реагираме ако повторно има несакани појави со цените, најавува Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека преку Државниот пазарен инспекторат на дневна основа се следат цените на основните производи и најавува жестока реакција доколку, како што вели, утврдат дека повторно има несакани појави.
Во одговор на новинарско прашање, Мицкоски денеска рече дека очекува трговците да продолжат да ги намалуваат цените на производите, што претходно ги зголемија на сметка на поевтинувањето на производите опфатени со акцијата „Новогодишна кошница“, по што Владата предупреди дека ќе ги замрзне цените.
-Моравме да интервенираме и да покажеме колку сме сериозни во намерата, не може одредени трговци на грбот на граѓаните да остваруваат дополнителни екстра профити. Тие ги намалија цените пред Нова година, некаде 10, некаде 15, некаде и повеќе проценти. Очекувам овој тренд да продолжи и во деновите што следат, изјави Мицкоски.
Ако некој мисли дека не го следиме сето ова, се лаже, вели премиерот.
-Ако ги гледаме профитите што ги остваруваат трговските ланци ќе дојдеме до закулучок дека помеѓу условно кажано најуспешните компании 10, 15, 20, гледаме такви трговски ланци, а конјуктурата на бизнисот не е сменета, не е драматично зголемена потрошувачката ниту пак има некои иновативни методи, туку станува збор за покачување на цените и тоа не е добро. Го следиме тоа на дневна база преку Државниот пазарен инспекторат и жестоко ќе реагираме ако повторно видиме дека се случуваат несакани појави, рече Мицкоски, кој присуствуваше на пуштање во употреба на спортска сала во Радовиш.
Министерот за економија Бесар Дурмиши, на новогодишниот брифинг со медиумите, информираше дека има готова изготвено одлука за замрзнување на цените и доколку Државниот пазарен инспекторат при контролите укаже на злоупотреба на цените на основните производи, веднаш ќе биде донесена одлука на Влада за воведување на таква мерка.
Ново на Сител
-

Орбан повика на отпор против „реколонизацијата“ на Унгарија
-

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница
-

Direct Media Одбележува 25 години работење
-

Рамадан Шерифи му го посвети голот на трагично загинатиот соиграч Даниел Николовски
-

Патничка се соблекла за време на лет, полицијата ја привела по слетување во Мајами
-

Жена во Холандија уапсена поради нарачување убиство преку дарк веб
-

Зеленски: Руските млазни дронови ги соборуваме со борбени авиони „Ф-16“
-

Спалети по поразот на Јувентус од Сасуоло: Тргнавме по трите бода и заборавивме на одбраната
