Хрватите гласаат на претседателски избори
Во Хрватска денеска ќе се одржи првиот круг од претседателските избори, по парламентарните избори во април и европските во јуни, на кои ќе учествуваат осум кандидати.
Фаворит е актуелниот претседател Зоран Милановиќ (58), кој повторно влезе во трката за нов петгодишен мандат како кандидат на опозициската Социјалдемократска партија (СДП).
Предизборните анкети предвидуваат дека Милановиќ в недела нема да може да освои повеќе од 50 отсто од гласовите, што е неопходно за победа во првиот круг, но дека во вториот круг ќе се соочи со кандидатот на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ), Драган Приморац.
Право на глас имаат речиси 3,8 милиони гласачи, од кои околу 250.000 се активно регистрирани во странство. Над 6.750 избирачки места ќе бидат отворени за изборите.
Затворање на гласачките места е денеска во 19 часот, кога се очекуваат првите резултати од излезните анкети.
Државната изборна комисија ќе почне со објавување на првите нецелосни резултати од 20 часот.
На претстојните избори учествуваат вкупно осум кандидати, што е за три помалку од претходните во 2020 година.
Покрај Милановиќ и Приморац, меѓу најзначајните се и заменичката на зелено-левичарската платформа Можеме, Ивана Кекин (40) и независната кандидатка и пратеничка Марија Селак Распудиќ (42), која во Собранието влезе на листата на десничарската партија Мост, која во меѓувреме ја напушти.
Истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Промоција плус“ од 19 до 23 декември, врз основа на примерок од 1.000 испитаници, покажа дека Милановиќ има поддршка од околу 39,3 отсто од анкетираните, а Приморац 24,3 отсто. Селак Распудиќ има околу десет отсто, а Кекин околу осум отсто.
Од преостанатите четворица кандидати, според анкетите најдобро стои кандидатот на Мост, Миро Буљ, кој има 3,8 отсто поддршка од испитаниците. Кандидатката на партијата Дом и Национален собир (Домино) Бранка Лозо и независниот кандидат Томислав Јоњиќ, двајцата од десниот политички спектар, имаат околу два отсто, додека независниот Нико Токиќ Картело има 0,6 отсто.
Речиси десет проценти од избирачите се неопределени.
Ова се осми претседателски избори во Хрватска од независноста. Претседателот се избира со мандат од пет години и може да биде избран најмногу двапати.
Од независноста на Хрватска, Фрањо Туѓман и Стјепан Месиќ беа претседатели во два мандата. По еден мандат освоија Иво Јосиповиќ и Колинда Грабар Китаровиќ. Актуелниот претседател Зоран Милановиќ на овие избори се бори за втор мандат.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари, охрабрувам да се пријават подготвените за овој процес
-
Зголемените американски царински стапки ќе се применуваат од 1 август
-
ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот
-
Ѓорѓиевски: Спремен сум по изборите да го воскреснам Скопје и конечно да стане град за достоинствен живот
-
Мицкоски: Се разбира дека ќе нема данок за немажени и неженети, но ние тивко исчезнуваме и тоа поминува незабележано
-
Во Пониква заврши првата фаза од рехабилитацијата на повредените во дискотеката Пулс
-
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
-
МВР: Лишени од слобода шест возачи за возење под дејство на алкохол