Најмалку 14 преживеани во авионската несреќа во Казахстан | ВИДЕО
Има преживеани во авионската несреќа која се случи утрово, кога патнички авион кој летал од главниот град на Азербејџан, Баку, кон Русија, се урна во близина на градот Актау, западен Казахстан. Во авионот имало 67 патници.
Има спротивставени извештаи за бројот на преживеани, но здравствените власти на Казахстан информираа дека 14 лица биле примени во болница.
„Во моментот, 14 преживеани се пренесени во регионалната болница, од кои пет се во одделот за интензивна нега,“ соопшти регионалното одделение на Министерството за здравство.
Казахстанското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека спасувачките екипи се на местото на несреќата и дека противпожарните служби го изгаснале пожарот.
Азербејџан ерлајнс информираше дека авионот Ембраер 190, со број на летот Ј2-8243, летал од Баку до Грозни, главниот град на Чеченија, но бил принуден да изврши принудно слетување на приближно три километри од Актау.
Причината за несреќата сè уште не е позната.
Наводно, авионот бил пренасочен поради магла во Грозни.
Патниците се државјани на Азербејџан, Казахстан, Киргистан и Русија, пренесуваат локалните медиуми
Ново на Сител
-
Над 340.000 пензионери од денеска ќе добиваат повисоки пензии за 2500 денари
-
За седум дена санкционирани 116 непрописно паркирани виозила на територија на општина Центар
-
Шекеринска - Соренсен: Континуираната соработка меѓу НАТО и ЕУ е клучна за стабилноста на Западен Балкан
-
Објавен Конкурсот за упис во средните училишта за учебната 2025/2026 година
-
Трамп ја спореди пресудата на Ле Пен со своите судски процеси
-
Затворени училиштата на неколку грчки острови поради невремето
-
Најмногу дожд во Берово и Виница, врнежите продолжуваат и денеска
-
Шкендија длабоко жали за жртвите во Кочани и се оградува од неодговорно однесување на поединечни навивачи