Преглед на вестите од светот
Снежните врнежи и силниот ветер предивикуваат значителни проблеми во патниот сообракај во Хрватска, Босна и Херцеговина и во Србија. Босанските медиуми јавуваат дека синоќа повеке автомобили биле заглавени во снегот на патот што води кон градот Босански Петровац. Во возилата имало 70 луѓе, меѓу кои и деца а спасувачката акција траела цели десет часа.
Излизгани и превртени возила и на српските и хрватските патиштата. Хрватскиот автомобилски клуб го советува возачите да избегнуваат патувања, ако не е итно а ако тоа не е можно, да носат зимска опрема со нив. Во Западна и југозападна Србија снежната покривка надмина половина метар. Во западна Србија во сила е црвен метоа аларм. Снегот предизвика и прекини во снабдувањето со елекстирчна енергија во Босна и Херцеговина и Србија.
Метеоролозите предупредуваат дека снежните врнежи во Босна и Херцеговина ќе продолжат до следниот викенд, а нови снежни врнежи се најавуваат и во Србија.
Најмалку 12 лица загинаа а четири се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во турската провинција Беликешир. Причината за експлозијата не е позната. Одекнала во делот од фабриката каде се произведуваат дека капсули за куршуми. Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека соред првичните извештаи нема индиции дека се работи за саботажа. Фабриката произведува муниција, експлозиви и ракети за домашниот и меѓународниот пазар.
Пожар избувна на Ајфеловата кула во Париз, при што итно беа евакуирани 1.200 посетители. Пламенот бил забележан во окното помеѓу првиот и вториот кат. Според пожарикарите поажарот бил предизвикан од преграен уред во близина на кабел на еден од лифтовите. Нема извешати за повредени лица. Пожарот е изгаснат.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар