Приходите на апликацијата Телеграм надминаа милијарда долари во 2024 година

Апликацијата за пораки Телеграм во 2024 година постигна приходи повисоки од милијарда долари, изјави извршниот директор на компанијата Павел Дуров.
„Годината ја завршуваме со повеќе од 500 милиони долари во готовински резерви, без да се вклучи крипто имотот“, истакна Дуров преку својата платформа.
Според него, 2024 година се покажала како исклучително успешна за Телеграм, а по првпат во трите години од монетизацијата, компанијата станала профитабилна.
Дуров откри дека бројот на премиум-претплатници тројно се зголемил во текот на оваа година, надминувајќи 12 милиони. „Последниве четири години, Телеграм имаше долг од околу две милијарди долари.
Оваа есен успеавме да отплатиме значителен дел од долгот, користејќи поволни цени на обврзници. Сепак, останува уште многу работа“, додаде Дуров.
Ново на Сител
-

Тетовец осомничен дека присвоил над 41 милион денари од давачки при регистрација на возила
-

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски
-

Најтопло утро во Гевгелија, најстудено на Попова Шапка
-

Макрон: Средбите со европските лидери се депресивни, ми недостига Меркел
-

На атинскиот аеродром пратка „облека“ од Тајланд криела 207 килограми марихуана вредна милион евра
-

Голема полициска акција во Куманово: Се разбива криминална група осомничена за изнуда, лихварство и перење пари
-

Трамп по изборниот пораз со необична тема: Ја фали балската сала покрај Белата куќа
-

10 полицајци приведени во Србија за брутално насилство врз демонстранти
