Министерот Трипуновски потпиша договор со Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје за користење на финансиска поддршка од околу 13.500.000 денари

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со деканот на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, проф. д-р Деан Јанкулоски потпиша Договор за користење на финансиска поддршка за инвестиции за подобрување на генетскиот потенцијал на млечни крави во земјава преку употреба на сексирано семе и ембрио-трансферот во износ од 13.500.000 денари.
Финансиската поддршка, како што информираат од МЗШВ, се доделува во висина од 100% од вредноста на инвестицијата, но не повеќе од 13.500.000 денари со вклучен ДДВ.
Истата се доделува согласно дел II став (2) мерка „Техничка поддршка во земјоделството и руралниот развој“ точка 1.8 „Други трошоци и инвестициони вложувања за воспоставување и спроведување на мерките за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој“ подточка 1.8.7 „Инвестиции за подобрување на генетскиот потенцијал на млечни крави во државата преку употреба на сексирано семе и ембрио-трансферот“ од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година.
Соработката помеѓу Министерството и Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, се вели во соопштението, ќе продолжи затоа што преку нивната работа се поттикнува технолошкиот развој во говедарството како сточарска гранка и ветеринарството.
Покрај грижата за здравјето на животните, Факултетот игра значителна улога и во јавното здравство и тоа преку обезбедување здрава и квалитетна храна од анимално потекло.
Ново на Сител
-

Активни пожари кај Македонски Брод и над селото Моране
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Намерно подметнат пожар кај депонијата во Ново Село се прошири во шумскиот појас
-

Бројот на загинатите во земјотресот во Колумбија достигна 254
-

Почнува полагањето матура во августовскиот испитен рок
-

Федерална судијка ја прошири на цела територија на САД забраната за уредбата на Трамп за гласање по пошта
-

Зеленски: Им доставивме на САД предлози за план за завршување на војната со Русија
-

Северна Кореја испука балистичка ракета
