Анкета на МКД.мк - убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски убедливо е на првото место на листата на политички лидери во кои македонските граѓани имаат доверба.
ВМРО-ДПМНЕ и натаму е првата политичка партија. За првпат коалицијата Вреди е пред ДУИ, а СДСМ после ДУИ. Ова се дел од резултатите на истражувањето на јавното мислење кое за МКД.мк го спроведе агенцијата Маркет вижн.
На прашањето во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба, 27,2 отсто од испитаниците одговориле дека тоа е Христијан Мицкоски. 5,3 отсто имаат доверба во Али Ахмети. По него следуваат Максим Димитриевски и Венко Филипче со по 3,6%, па Арбен Таравари (2,9%), Димитар Апасиев (2,26%), Изет Меџити (1,8%). Биљал Касами, Зијадин Села и Африм Гаши имаат под 1 посто доверба.
За првпат во македонската политичка плурална историја на второ место меѓу политичките лидери е претседател на партија на Албанците во Македонија, а не на една од двете најголеми македонски партии.
На прашањето кога следните избори би се одржале утре, за која политичка партија би гласале, за 21,5 % од гласачите изборот е ВМРО-ДПМНЕ, за 5,5% од гласачите е коалицијата Вреди, за ДУИ би гласале 5,4%, за СДСМ 3,9%, за Левица 2,9%, за ЗНАМ 2,1%.
Повеќе од 50 отсто од испитаниците на ова истражување одговориле дека не сакаат да одговорат, дека нема да гласат, дека се уште не се определиле и дека не знае за кого да гласа.
Анкетата е спроведена телефонски од 6 до 15 декември на 1.200 испитаници.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
