Италијанскиот суд ќе донесе пресуда против вицепремиерот Салвини за блокирање брод со мигранти во 2019 година
Италијанскиот крајнодесничарски вицепремиер Матео Салвини денеска би можел да биде осуден на шест години затвор за неговата одлука во август 2019 година да блокираат впловување на спасувачки брод со мигранти, јави ДПА.
Обвинителот го обвинува Салвини, кој во тоа време беше министер за внатрешни работи, за неизвршување на должноста затоа што не им дозволил на мигрантите да се симнат од бродот „Опен Армс“ (Open Arms) на италијанскиот брег.
Бродот „Опен Армс“ со околу 160 мигранти од Африка кои го преминаа Медитеранот во обид да стигнат до Европската унија, беше принуден да остане на море три недели пред конечно да му биде дозволено да се закотви на италијанскиот остров Лампедуза.
Пред повеќе од три години, во главниот град на Сицилија, Палермо, почна судски процес против Салвини. Обвинителите за него побараа шестгодишна казна. Салвини тврди дека е политички прогонуван.
Дури и да биде осуден, Салвини (51) јасно стави до знаење дека има намера да остане на функцијата. Пресудата нема да биде правосилна.
Салвини е лидер на десничарската партија Лига и е еден од централните фигури во коалицијата на премиерката Џорџа Мелони.
Ново на Сител
-
Жителка од Велешта една година крадела струја во стан во Струга
-
Караванот „Зимска новогодишна бајка” на Државна лотарија шири магија низ Скопје
-
Утре ден на жалост во Загреб
-
Посебен режим на сообраќајот од утре до понеделник во Скопје
-
Нема кривично дело во дејствијата за кои се обвинува, смета одбраната на Артан Груби
-
Просечната нето плата во октомври 42 134 денари
-
Погодена македонската амбасада во рускиот ракетен напад врз Киев
-
Траги од Велибор Манев пронајдени на лепливата лента на устата на Вања