Тошковски во Турција на средба со министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, потврдена одличната соработка меѓу братските народи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој предводи официјална делегација на Министерството за внатрешни работи во Република Турција, вчера остварил работна средба со турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.
На средбата била изразена благодарност за топлиот прием и уште еднаш потврдена одличната соработка меѓу двете министерства за внатрешни работи како и на државно ниво, а била потврден фактот дека се работи за два братски народи кои делат меѓусебна почит, историја и традиција.
- На средбата министрите ја разгледаа состојбата со илегалната миграција и криумчарењето мигранти како и општата соработка меѓу министерствата и брзата и ефикасна размена на информации со цел борба со сите видови криминал, корупција и тероризам. На иницијатива на турската страна се разгледуваше информација за постапка за стекнување на македонско државјанство на граѓани на Република Турција, се наведува во соопштението.
Двајцата министри разгледале и неколку документи на кои ќе се дефинира и понатамошната идна соработка како нацрт текст на договор меѓу владите на Македонија и Турција за заемно признавање и замена на возачките дозволи, договор за безбедносна соработка меѓу двете влади и нацрт текст на меморандум за соработка во областа на обуки со кои полициски службеници од двете држави ќе можат да добиваат континуирана обука и искуства со цел унапредување на своите професионални знаења и вештини.
Ново на Сител
-

МВР: Петардите се опасни и штетни, засилени акциски контроли за празниците
-

Експертите советуваат: Не останувајте во брак само поради децата
-

Трамп објави пакет субвенции од 12 милијарди долари за американските фармери
-

Најавени нови блокади на грчките земјоделците на граничните премин Евзони и Ники
-

Долгот на граѓаните по основ на даноци кон Град Скопје е над 36 милиони евра
-

Мицкоски - Најт: Продлабочување на соработката меѓу институциите
-

Aвстралија официјално ги забрани социјалните мрежи за деца под 16 години
-

Сиљановска-Давкова ќе го одликува американскиот генерал-мајор Грегори Најт со Орден за воени заслуги
