Македонија
18. December 2024 - 16:33

Од Нова година поскапува струјата

Од први јануари поскапува струјата. Гледано по тарифните блокови, цената за домаќинствата во првиот блок се зголемува за 0.68%, во вториот за 0.9, во тројката за 1.93 и во четвртиот блок за 2.24%. Поскапување има и кај евтината тарифа за 0.9%.

БЛОКОВИ

ПОСКАПУВАЊЕ ВО ПРОЦЕНТИ

ЦЕНА ПО КИЛОВАТ ЧАС

1 блок

+ 0,68%

6,58 денари

2 блок

+ 0,9%

7,71 денари

3 блок

+ 1,93%

9,57 денари

4 блок

+ 2,24%

20,4 денари

„Едно просечно домаќинство во државата кое има сметка од 2.300 денари, трошокот за електрична енергија ќе му се зголеми за 21 денар“ – Марко Бислимовски, претседател на регулаторната комисија

Регулаторна за првпат го искористила контролниот механизам за утврдување на цената. Бислимовски рече дека ЕВН Хоум побарале домаќинствата да плаќаат 4,4% поскапа струја, но тоа не било прифатено за да не се предизвика ценовен шок.

Инаку, од Нова година мрежарината поевтинува за 7% и за сите блокови ќе биде со цена од 2,14 денари за киловат час.

Дневната евтина струја останува од 13 до 15 часот, а за еден час плус ќе се прави анализа на пролет.