МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
Разбиена терористичка ќелија која планирала напади во земјава но и регионот. МВР уапси 4 лица од Гостивар и Струга под сомнение дека планирале и индокринирале луѓе од земјава и Балканот кои ќе делуваат во терористички акции. Лицата биле следени подолг период од бесбедносните служби.
Терористичка ќелија била поврзана со одредени екстремистички религиозни групи. Претреси се извршени на повеќе локации.
Од ОЈО ја потврдија акцијата која според нив се уште е во тек.
- По наредба на јавен обвинител МВР се уште постапува на терен, се извршуваат претреси и се прибираат докази, кривичната пријава се очекува во текот на вечерта, повеќе детали во текот на утрешниот ден.
Четворицата приведени ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка за одредување мерки за притвор.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар