Муцунски: Треба да се исцрта јасен пат за нашата евроинтеграција, покажавме посветеност, го очекуваме тоа и другата страна
Безбројни отстапки се даваат за реализација на едно исто ветување, дека ќе се движиме напред кон ЕУ, но повторно гледаме реактуелизација на ветото. Ние тоа што го очекуваме и што го зборуваме пред лидерите на ЕУ, земјите членки и сите наши стратешки партнери, е дека треба да исцртаме јасен пат за тоа како ќе се движат нашите преговори кон полноправно членство. Што е тоа што се очекува од нас и што е тоа што треба да го направиме за да имаме предвидлив и извесен пат. Не велам дека изнаоѓање такво решение ќе биде лесно за нас како држава или за ЕУ, но таквото решение кое дава извесност и предвидливост ќе биде примарно најдобро за нас, а ќе биде многу значајно и за кредибилитетот што ЕУ сака да го создаде во регионот, земајќи ги предвид актуелните геополитички случувања, рече денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во врска со уставните измени и европската перспектива на земјава.
Според него, ова е заеднички, комплексен процес.
-Решението ќе биде тешко да се изнајде, но мора да биде базирано врз основа на принципите кои ние ги претставуваме. Дијалог има и имало во последните месеци, посебно ако се види дека агендата на премиерот во меѓународните настапи, но и мојата, е примарно фокусирана на земјите-членки на ЕУ. Тука сме ангажирани најмногу во последните шест месеци - да ги претставуиме нашите тези и гледишта, не за тоа како да не се најде решение, туку како да се најде решение. Во тој период останавме целосно усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, станавме првата земја од регионот која потпиша Договор за стратешки и безбедносен аранжман со ЕУ, ја усвоивме веројатно најдобрата реформска агенда во регионот - парафразирам лидери на ЕУ, не цитирам. Значи, ние покажавме дека сме посветени на патот, но истовремено имаме очекувања дека и другата страна ќе ја покаже истата посветеност, искреност и пред се, принципиелност кон нас како земја, напомена Муцунски на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања.
Тој повтори дека македонските позиции се јасно зацртани, посебно во делот на надворешната политика. Муцунски не верува, како што нагласи, дека ЕУ сака повторно да биде ставена во ситуација да има сомнеж кај кандидатите дека не е искрена во намерите.
-Позициите ги имаме доста јасно зацртано уште во перидот на кампањата, кога презентиравме партиска програма која потоа стана дел и од владината програма. Посебно во делот на надворешната политика имаме многу јасен пристап, а пристапот е тоа што го укажуваме - дали е ова последната отстапка што се очекува од нас? Дали сме сигурни дека ако се случат уставните измени, понатаму нема да бидеме предмет на ново, потенцијално вето, повторно создадено врз основа на билатерални прашања?, истакна Муцунски.
Министерот е убеден дека не само целокупниот политички естаблишмент, туку и сите граѓани на државата немаат веќе капацитет за нови билатерални отстапки кои беа безбројни во изминативе 30 години.
На Самитот на Западен Балкан следната недела македонската делегација ќе биде предводена од премиерот Миоцкоски. Како што информира Муцунски, ќе има билатерални средби со високи претставници на ЕУ и на земјите членки.
Ново на Сител
-
Тешко повредени двајца градежни работници од Скопско
-
Македонија против Полска во баражот за пласман на СП 2025
-
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
-
Уште еден случај на опожарено возило - овој пат во Ѓорче Петров
-
Околу 7.600 Сиријци се вратиле од Турција по падот на Асад пред една недела
-
Тошковски: Во премногу рана фаза сме за да навлегуваме во детали за истрагата во Судскиот совет
-
ДПИ: Инспекциски контроли во маркетите низ цела држава, утврдено дека цените се намалени за 10 отсто
-
Тошковски: Уапсени 4 лица, осомничени дека планираат настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста на Македонија