Светска Банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19%, но и покасно одење во пензија
Зголемениот буџетски дефицит и високо ниво на јавен долг бараат итни мерки. Приоритет треба да биде враќањето на фискалната одржливост, преку зголемување на приходите и подобра фискална дисиплина, препорачуваат од Светска банка. Тоа , според нив, може да се постигне со зголемување на ДДВ то од 18 на 19%, постепено зголемување на пензискиот придонес, почнувајќи од 0,7% годишно, повисок данок на личен доход и добивка, елеменирање на некои олеснувања кои им се даваат на компаниите кои работат во зоните, преиспитување на методологијата за пресметка на пензиите.
Проценките се дека земјава губи 2,8% од БДП поради јазот во политиките на ДДВ во споредба со останатите земји во регионот. Овде може да се преземе реформа ,може да се зголеми акцизата за тутунот, да се намалат даночните олеснувања за компаниите кои работат во ТИРЗ зоните, бидејќи тие добро работата и без толкави префрлања., да се воведе данок на профит од 15%, велат од Светска банка
Според Свестка банка, одржловоста на пензисикот систем е критична и до 2053 ќе има повеќе пензионери отколку обрзници кои ќе плаќаат придонеси. Затоа предлагаат постепено зголемување на возраста за пензионирање, придонесот за пензиско и враќање на стариот начин за пресметка на пезниите, каде ќе се земе само индексот на цени на мало, без пораст на просечната плата.
Препораки за покасно одење во пензија даде и Фискалниот Совет, но власта ги одби. За сега не се размислува и за промена на даночната политика
Ние го дијагностициравме проблемот. Пари во ПИОМ фалат. Решение сега треба да најдат оние кои ги водат еконосмките политики, вели Глигор Бишев, престедател на Фискалниот Совет
- Ние работиме во рамките на политиките на Владата, фискалната стратегија, тоа се политики за одржување на ниски даночни стапки, а собирањето или мобилизацијата на даночните приходи треба да ја обезбедиме во тие услови на ниски даночни стапки со проширување на даночната база, со интегрирање на сивата економија во формалната економија и со разни други мерки коишто ќе се однесуваат на намалување на сите други даночни гафови, односно загуби на даночни приходи заради даночна евазија заради нецелосно и неточно плаќање на даноците – рече Елена Петрова, директор на УЈП.
За повисоки приходи, Светска банка предлага и зголемување на акцизата за цигари, повисоки даноци за алкохол, воведување данок на шеќер и зашеќерени пијалоци, реформи во јавната администрација, со ревидирање на Колективните договори за раст на платите, отпуштање на кадите кои се вишок, квалитени реформи во здравството и ревидирање на позитивната листа на лекови , како и реформи во образованието, бидејќи сега наставнички плати се повисоки од квалитетот кој го добиваат учениците.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар