Кикбоксот има 6 номинации од вкупно 6 категории за индивидуалниот македонски спорт
Оваа година Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија може да се пофали со извонреден успех и спортско достигнување од причина што од вкупно 6 номинации кои се однесуваат на индивидуалниот спорт во нашата држава, токму оваа федерација е единствена која што има номинирани спортисти, селектор и самата федерација во сите 6 номинации.
Номинации во кои Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија учествува со свои спортисти, селектор и федерација се следните:
1 - Спортист на годината - Бобан Илиоски, 1-во место во категорија -86кг., на ЕП во кикбокс маитаи, одржано во Атина, Република Грција
2 - Спортистка на годината - Леа Бошевска, кикбокс маитаи, 5-то место во категорија -50кг., на ЕП, одржано во Атина, Република Грција
3 - Млад спортист на годината - Силвио Мировски-кикбокс маитаи, 1-во место во категорија 71кг., на СП, одржано во Будимпешта, Република Унгарија
4 - Млада спортистка на годината - Марија Димовска-кикбокс маитаи, 1-во место на СП, одржано во Будимпешта, Унгарија
5 - Најуспешен тренер/селектор - Дејан Митровски-кикбокс и маитаи
6 - Најуспешна национална спортска федерација - Кикбокс маитаи федерација на Македонија
Останатите 3 номинации од вкупно 9те постоечки се однесуваат на колективниот спорт и на спортисти со попреченост во кои оваа федерација неможе да земе учество.
Стручниот тим на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија предводена од претседателот Дејан Митровски – Урко од една страна е презадоволен од тоа што токму федерацијата на чие кормило е тој е единствената која има номинации во секоја категорија, но од друга страна и не сака да биде скромен бидејќи смета дека секоја номинација е комлетно заслужена. „Очекувам дека спортската јавност и фела и на овој начин ќе ја награди нашата федерација и спортистите според заслугите, бидејќи оваа година приматот е наш ако направиме споредба со резултатите и достигнувањата на другите спортисти и федерации. Ова се само најпрестижните медали и достигнувања кои се наведени и номинирани за овој избор, но во реалност бројките и достигнувањата се многу поголеми. Имено, само оваа година кикбокс репрезентацијата настапи на 10 меѓународни кикбокс натпревари од највисок ранг и од истите имаме освоено вкупно 105 медали (31 златна, 27 сребрени и 47 бронзени медали).“ – изјави Дејан Митровски – Урко претседател на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија.
Ново на Сител
-
Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961
-
Тајните на добро политичко интервју | Васко Ефтов | Неформално | Sitel Podcast 076
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Градот Скопје демантира
-
Пакетчиња со поминат рок
-
Кочани: Со „југо“ влетал во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот
-
Пукање во Чаир - Се расправале во работилница па едниот почнал да пука во другиот
-
Се претставувал како јавен обвинител и барал пари за да ги спаси од притвор - Kривична за маж од Гевгелија