Гвардиола: Манчестер сити е најдобриот тим и поразот од Јувентус нема да ме убеди во спротивното

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола се осврна на синоќешниот пораз од Јувентус (0:2) во натпреварот од 6. коло на Лигата на шампионите.
- Не мислам дека грешките во одбраната беа во голема мера причина за поразот. Тоа не беше причината. Ни недостасуваше последното додавање. Тоа беше разликата денес. Ние сме најдобри, го сакам мојот тим, начинот на кој играме, а овој резултат нема да ме убеди во спротивното. Секако, си поставувам прашања и во добри и во лоши моменти. Бев стабилен во добрите моменти, бев стабилен во лошите моменти.Се обидувам да најдам решение. Јувентус е одличен тим и им посакувам се најдобро. Ова е лошо време за нас, се мачиме, но нашиот стил на игра ќе не спаси, ќе ни донесе победи, изјави Гвардиола за сајтот на УЕФА.
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
