САД покренаа обвиненија за воени злосторства против двајца поранешни воени лица на Сирија
САД покренаа обвиненија за воени злосторства, вклучително и мачење на Американци, против двајца поранешни воени службеници на Сирија кои играле клучни улоги во сега урнатиот режим на Башар Асад.
Се работи за Џамил Хасан (72) и Абдул Салам Махмуд (65), поранешни членови на разузнавачката служба на воздухопловните сили на Сирија.
Министерството за правда на САД ги обвини за „заговор за направени воени злосторста преку нанесување суров и нехуман третман на задржани под нивна контрола, вклучително и американски државјани“.
Министерството ги товари за „суров и необичен“ третман на граѓански затвореници во воениот аердром Меза во близина на Дамаск. По нив е распишана потерница за апсење и ако бидат фатени тие се соочуваат со доживотен затвор.
По падот на режимот на Асад, Сиријците се во потрага по најблиските кои биле држани во сириските затвори, додека илјадници затвореници се ослободени од објектите озлогласени по тоа што во нив се спроведувал суров третман и измачување.
Во 2018 година против Махмуд и Хасан потерница распиша и Германија. САД уште од 2012 година имаат воведено санкции против Асад и нејтесниот круг соработници, вклучително и Хасан.
Ново на Сител
-
Привремена забрана за дронови во Њу Џерси од безбедносни причини
-
Автобус и две возила удриле во крави на автопатот Скопје - Тетово
-
Сообраќајна незгода на патот Скопје - Тетово, пренасочен сообраќај
-
Мицкоски: Со тоа што Груби е бегалец само потврдува дека е виновен
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Ресен - Битола и Струга - Охрид
-
Тошковски: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран
-
Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
-
Нови 118 случаи на грип во државава