Преглед на вестите од свет
Во последните недели од мандатот Џо Бајден го помилува својот син Хантер. Наместо за две недели да ја слушне пресудата за даночни прекршувања и носење огнено оружје, Хантер Бајден е ослободен од судските постапки. Бајден ваквата одлука ја правда со тврдење дека неговиот син бил мета на неправедно кривично гонење само затоа што е негов син. Во помилувањето се наведува дека Бајден му дал „целосно и безусловно“ помилување на Хантер Бајден за какви било прекршоци во период од 10 години, односно помеѓу 1 јануари 2014 година и 1 декември оваа година.
Светските медиуми пак денеска ја пренесуваат изјавата на Бајден по превземањето на функциојата но и од јуни годинава во која тврди дека нема да се меша во одлуките донесени од судовите и Министерството за правда. Реагираше и новоизбраниот претседател Доналд Трамп кој нема да има право да ја отповика вакавата одлука. Злоупотреба и спонтан абортус на првадата, напиша Трамп на социјалните мрежи.
Германскиот канцелар Олаф Шолц дојде во изненадувачка посета на Киев и вети дека неговата земја ќе остане најголемиот поддржувач на Украина во Европа. Тој истовремено вети испорака на воена помош од 650 милиони евра.
„Германија ќе остане најголемиот поддржувач на Украина од Европа. Нова воена помош од 650 милиони долари ќе биде испорачана овој месец“, напиша Шолц на социјалната мрежа Икс.
Шолц и Зеленски ги посетија ранетите украински војници кои се хоспитализирани, а им оддадоа и почит на загинатите војници во импровизираниот споменик во центарот на Киев. Посетата доаѓа во време на неизвесна идна помош на Западот за Украина, со оглед дека Трамп во јануари ќе ја превземе Белата куќа.
Стотина вработени во германскиот автомобилски гигант Фолксваген стартуваа со предупредувачки штрајкови против планираните отпуштања, откако преговорите помеѓу синдикатот и менаџментот не дадоа резултати.
Ние сме целосно подготвени за штрајк. Расположението е очигледно придушено бидејќи тие не покажуваат апсолутно никаква добра волја. Сите сме исплашени. Многумина од оние кои се блиску до пензија се навистина исплашени дека сега би можеле да ја загубат работата. Јас сум мајка на две деца. Секојдневно патувам повеќе од еден час за да дојдам на работа овде. Ја сакам мојата работа. Не сакам да го изгубам
Се надеваме дека ќе можеме да го постигнеме она што го очекуваме. Ние се бориме за тоа и затоа сме тука“.
Познатиот германски производител на автомобили се соочува со проблеми како резултат на падот на побарувачката за електрични возила, зголемените оперативни трошоци и растечката конкуренција од кинеските производители.Менаџментот на „Фолксваген“ планира да затвори три фабрики во Германија и да отпушти илјадници работници за да ги намали трошоците.
-
Деспина Tодоровска
Сите содржини од овој новинар