Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
Од Нова Година граѓаните ќе доживеат вистински ценовен шок за многу производи, особено за оние со кои се тргува берза. Кондиторските производи, особено чоколадото ќе станат вистински луксуз. Поради енормно високите цени на какаото на берзите прехрамбената индустрија во целиот свет, па и кај 2025 година ќе ја започне со драстично зголемени цени.
„Цените и сега многу тешко ги одржуваме на ова ниво, во кондиторијата генерално, затоа што новите количини на какао кои што ги увезуваме се со сериозно повисоки цени. Ако продолжи овој тренд, а најавите се дека ќе продолжи сите кондитории, ќе ги подигнат цените и тоа сериозно подугнување на цените“, истакна Владимир Трпаноски, директор во прехрамбена индстрија.
Покачување на цените се очекува и на маслото за готвење, чии цени исто така според прехрамбената индустрија во моментов буквално дивееле на светско ниво. Проблем била војната во Украина, каде поради промена на законите околу извозот и девизните плаќања комплетно бил стопиран извозот на масло.
„Зголемување имаше минатиот месец на маслото за готвење, сите производоители на рафинирано сончогледово масло ги подигнаа своите цени, зборуваи околината наша и Србија и Бугарија, најавите за нерафинирано сурово масло се се уште дека цената оди нагоре. Се надеваме дека ќе ги одржиме до новогодишните празници тие цени, но навистина е голем прредизвик“, додаде Трпаноски.
Дел од производителите велат дека немало да се покачат овие производи додека е во тек новогодишната потрошувачка кошничка на Владата, од каде пак велат дека во неа нема да бидат опфатени производи кои зависат од светските берзи, како масло, шеќер, какао.
„Еден апел до сите производители и увозници да не ги зголемуваат цените на овие производи во наредниот период, да останат исти и со одредените намалувања кои ќе започнат од месец декември ќе траат до јануари со новогодишната кошничка да имаме осетно намалување на тие производи кои ќе бидат застапени на трпезата на таа новогодишна кошничка“, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија.
Новогодишната потрошувачка кошница официјално ќе биде презентирана идната недела.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар