Мицотакис: Турција инсистира на своите позиции, а ние на нашите

Турција инсистира на своите позиции, а ние на нашите, вели грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Алфа“ и објаснува дека од моментот кога Турција сака да разговара за други работи за кои Грција не сака да бидат ставени на маса, значи дека „не е постигнат значителен напредок“.
Грчкиот премиер уште еднаш ја истакнува волјата и намерата на Грција да продолжи дијалогот до Турција, но и дека ќе продолжат да се стремат кон „мирни води“ со соседната земја.
-Можеме да се согласиме и дека не се согласуваме. Ова можеби е и најверојатното сценарио во моментов. Ова не значи дека треба постојано да бидеме во состојба на тензија, да не разговараме за други аспекти од нашите односи и постојано да бидеме „со прстот на чкрапалото“ и да се плашиме од инцидент. Мислам дека Грците не го сакаат тоа, истакна Мицотакис.
Во однос на мигрантското прашање рече дека е континуиран проблем за Европа, но и посочи дека се обидуваат да соработуваат со Турција за чамците кои поаѓаат од турското крајбрежје.
Ново на Сител
-

Активни два пожара, четири се под контрола, а 25 изгаснати
-

Дваесет и пет години од најголемиот терористички напад врз САД на 11 септември
-

Опозицијата ќе поставува прашања на премиерот и на министрите
-

Трамп: Не се каам за војната со Иран и не верувам во зборот „каење“
-

Холандски автобус со 48 лица се преврте во Швајцарија, има загинати и повредени
-

Изборите во Србија на 25 октомври ќе бидат најтешката битка во политичката кариера на националистот Вучиќ
-

Сончево и топло со мала до умерена облачност, температури до 35 степени
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
