Џенерал Моторс влегува со свој тим во Формула 1

Формула 1 и Џенерал Моторс (ЏМ) постигнаа денеска начелен договор за влез на ЏМ/Кадилак како 11. тим во светскиот шампионат во Формула 1 од 2026 година.
„Посветеноста на Џенерал Моторс и Кадилак на овој проект е важна и позитивна демонстрација на еволуцијата на нашиот спорт. Сигурни сме во целосната соработка и поддршка од сите вклучени страни“, изјави претседателот и извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали.
Од своја страна, првиот човек на ЏМ, Марк Ројс, рече дека влезот во Формула 1 е чест за Џенерал Моторс.
„Како врв на мотоспортот, Формула 1 бара иновации и извонредност што ги поместува границите. Чест е за Џенерал Моторс и Кадилак да се приклучат на врвната светска тркачка серија, а ние сме посветени да се натпреваруваме со голема страст“, рече Ројс.
Тимот треба да го носи името Кадилак Ф1 и ќе користи мотори на Ферари во првите две години додека GM не добие мотор на Кадилак конструиран за натпреварување, почнувајќи од сезоната 2028 година.
Ново на Сител
-

Мирослав Попоски патува на 30-то големо натпреварување да ја бодри Македонија | ВИДЕО
-

Велешката полиција фати крадец на пари и златни предмети кои ги заложил
-

Лидерска средба утре во Клубот на пратениците за реформските закони и за укинување на техничката влада
-

17 години затвор за убиецот на турскиот државјанин во Штип
-

Судиите на 29 јануари ќе избираат член на Судскиот совет од редот на судиите од немнозинските заедници
-

Алгел: Вевчанскиот карневал уникатен и со традиција
-

80-годишен дедо фатен со 16 пакетчиња кокаин во Сплит, на полицајците рекол „Тоа е за здравје, се препородив“
-

Ножот се скршил, зел ножици па откако и тие се свиткале зел друг нож, детали за убиството во Богданци
