Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз
Шутка бара превоз, не сме бројка само за избори, оставка Данела со вакви пораки граѓаните дојдоа пред Град Скопје да го изразат револтот. Жителите на Шуто Оризари студентите и средношколците бараат итно нормализирање на јавниот превоз. Градоначалникот на Шуто Оризари обвини дека градоначалничката ги дискриминира ромите бидејќи две години ги држи отсечени од градот без автобуси. Дудуш вели иако се обидувал не успеал да стапи во контакт со неа за да се решат проблемите.
Полурасипани автобуси, нередовни линии, студентите и средношколците велат испратиле десетици барања и петиции до сега но залудно. Секојдневно доцнат на настава и на колоквиуми а превозот за нив треба да е редовен и бесплатен.
Граѓаните се обидоа и да влезат во просториите на градската администрација и најавија дека протестите ќе продолжат се додека не се исполнат нивните барања. Градоначалничката им одговори на учениците и средношколците преку транспарент поставен зад оградата на кој пишува – 500 милиони денари се должат на ЈСП од Влада. За бесплатен студентски превоз на 500 метри Илинденска бб.
Од Град скопје испратија и официјална реакција по протестот.
Пред да го организираат протестот пред градот Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Шуто Оризари Ерџан Демир кој ги предводи и кој воедно беше и кандидат за пратеник од истата партија, би требало да ги информира своите сограѓани дека во ШутоОризари нема јавен превоз бидејќи советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на град Скопје одбива да им овозможи на приватните превозници да возат на нивните автобуски линии согласно барањата кои ги имаат доставено до Трајко Славевски пред неколку месеци.
По два дена колапс, автобусите од утрово се вратија на редовните линии, на автобуските постојки немаше голем метеж.
ЈСП доби нафта од државните резерви по одлука на Владата. Но, до кога ќе сообраќаат по редовните линии директорот не прецизираше, кратко одговори дека веројатно нафта ќе има за една недела.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар