Македонија
22. November 2024 - 16:55

Денот на албанската азбука – Честитки и превирања

Вицепремиерот Меџити на Уставен му порача да не паѓа на политички влијанија при носење на одлуките, туку да се занимава со аспектите на граѓанските, човекови права и слободи.

Денот на албанската азбука, според Меџити се одбележува во време на жестока дебата за употреба на јазиците. Премиерот од Свечената седница на владата, порача дека Денот на албанската азбука е потсетник за тоа како писменоста и образованието можат да бидат мостови меѓу луѓето.

Aхмети испрати порака од Швајцарија, дека славел ден на албанскиот јазик, а не само азбуката.

„До вчера работевме на унапредување на употребата на нашиот јазик, а денес сме во позиција да го штитиме постигнатото“, стои во честитката на ДУИ. 

Денот на албанската азбука го чеситаше и министерот за односи со меѓу заедниците. 

„Потсетник дека РС Македонија и понатаму, и покрај фактот што живееме во едно комплексно време, останува пример за заедништво, почитување и заемно разбирање меѓу граѓаните, па затоа чествувајќи го Денот на албанската азбука уште еднаш ја потврдуваме посветеноста кон негувањето на соживотот во мултиетничкото и мултијазичното општество, стои во честитката на Стоилковиќ“.

Честитки испратија и претседателката,  собранискиот спикер Гаши, како и лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Денеска се одбележуваат 116 години од Битолскиот конгрес, на кој албански научници во 1908-тата ја создале албанската азбука.