-->
-->
Јолевски-Катиќ: Билатералната и регионалната соработка, и интеграцијата во НАТО клучни за стабилен регион
-->

Билатералната и регионалната соработка, како и интеграцијата во НАТО, се клучот за одржување на безбеден и стабилен регион, регион кој има капацитет да се справи со современите предизвици, заклучија на денешната средба во Љубљана министрите за одбрана на Македонија и на Словенија, Зоран Јолевски и Андреја Катиќ.
Како што денеска соопшти МО, министерот Јолевски кој е во работна поста на Словенија, се заблагодари на својата словенечка колешка за безусловната поддршка на патот на Македонија кон НАТО и побара таа да продолжи и да се интензивира во очи Самитот на Алијансата во Варшава оваа година.
- Македонија ги исполни сите критериуми за членство, а дава и сериозна поддршка кон мисиите на Алијансата. Со еден збор, Македонија заслужува да биде поканета во НАТО, истакна министерот Јолевски на средбата, стои во соопштението од МО.
Министерката Катиќ на средбата, се наведува во соопштението, истакна дека Словенија целосно ја поддржува интеграцијата на Македонија во НАТО.
На состанокот министерот Јолевски истакнал дека е задоволен од развојот на билатералната соработка помеѓу двете земји, особено во областа на военото образование и заедничките вежби.
- Реализацијата на вежбите на армискиот полигон „Криволак“ ни помага да ја развиеме меѓусебната интероперативност, како и интероперативноста со НАТО-алијансата, додаде министерот, се вели во денешното соопштение од МО.
Јолевски упатил покана за учество во регионалните центри во Македонија, меѓу кои и НАТО-центарот за односи со јавноста, како и за упатување на припадиници на словенечката армија на школување во Воената академија во Скопје.
Осврнувајќи се на предизвиците од мигрантската криза, како што стои во соопштението од МО, министрите Јолевски и Катиќ посочиле дека е потребно сеопфатно заедничко решение кое ќе го гарантира хуманиот третман на мигрантите, но истовремено ќе помогне во одржувањето на безбедноста на граѓаните во земјите од регионот.
Во тој контекст, се посочува во соопштението од МО, министерот Јолевски додаде дека е потребна сеопфатна стратегија за решавање на мигрантската криза во која ќе бидат вклучени сите европски земји и Турција за целосно решавање на овoj предизвик кој го зафати континентот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Шекеринска - Соренсен: Континуираната соработка меѓу НАТО и ЕУ е клучна за стабилноста на Западен Балкан
-
Објавен Конкурсот за упис во средните училишта за учебната 2025/2026 година
-
Трамп ја спореди пресудата на Ле Пен со своите судски процеси
-
Затворени училиштата на неколку грчки острови поради невремето
-
Најмногу дожд во Берово и Виница, врнежите продолжуваат и денеска
-
Шкендија длабоко жали за жртвите во Кочани и се оградува од неодговорно однесување на поединечни навивачи
-
Свечена изјава на новите судии од Академијата за судии и јавни обвинители пред Судскиот совет
-
Денеска е први април – Денот на шегата