Бесплатна стручна поддршка од Институтот за специјална едукација и рехабилитација за децата со атипичен развој од Кисела Вода

Децата со атипичен развој од Кисела Вода ќе добиваат бесплатна стручна поддршка од Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет на Скопскиот универзитет. Градоначалниот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, деканот на Филозофскиот факултет на УКИМ, проф. д-р Оливер Бакрески, и Институтот за специјална едукација и рехабилитација, денеска потпишале меморандум за соработка.
Договорено е во сензорните соби во основните училишта во општината да се одвива стручна пракса на студентите и наставниот кадар од Институтот, што ќе овозможи поддршка, згрижување и стручна помош за децата со атипичен развој вон наставата и во попладневните часови.
Градоначалникот Ѓорѓиевски истакнал дека Кисела Вода е една од водечките општини во државава „која максимално е посветена на детската и социјална заштита, со посебен фокус на заштитата на лицата со попреченост“.
- Во рамките на оваа соработка ќе има стручна пракса со студентите и наставниот кадар од Институтот при што ќе се користат сензорните соби кои ни се комплетно опремени. Целта на оваа соработка е да им овозможиме на родителите поддршка и згрижување на децата со атипичен развој вон наставата и во попладневните часови и да им овозможиме стручна помош од страна на стручни лица, изјавил градоначалникот.
Како што информира Општина Кисела Вода, Ѓорѓиевски посочил дека во изминатиот период се опремени шест сензорни соби во основните училишта во општината, реализирани се многу едукативни настани, како и трибина во партнерство со Македонското научно здружение за аутизам и стручно-научен конгрес со Центарот за психофизичко здравје „Гаспар“ од Скопје, со кој од септември годинава на жителите на општината им е овозможен пристап до дефектолошки, логопедски и психолошки индивидуални третмани.
Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
